|
ОСНОВНА ДЕЈНОСТ
ЈВСНет како основна дејност има “Тековно одржување на комјутерски системи”, претежно базирани на WINDOWS оперативен систем. Покрај тоа се занимава и со сервисирање на хардвер т.е персонални сметачи, серверски конфигурации и мрежна опрема.
УСЛУГИ
ИЗРАБОТКА НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ
- Изработка на компјутерски мрежи базирани на бакарни кабли (како основа за изработка се користат UTP, FTP, F²TP, STP кабли) од реномирани производители, како што се Nexans, Belden, Roline и други. Од пасивни мрежни компоненти се користата завршни вградни и надградни приклучоци, категорија 3, 5Е, 6 и 6а. Најупотребувани се производите на Linkbasic и King-Da. За да мрежната изведба има целина мора да се обрне внимание на пластичните канали во кој се вградуват каблите (Univolt и Legrand) и на металните ормари (rack cabinet) во кој се сместени пасивните (patch panels) и активните (Switches) мржни чворишта на TRENDnet
- Изработка на компјутерски мрежи базирани на оптички кабли ( како основа за изработка се користат single & multimode FO кабли) од реномирани производители, како што се Nexans, Belden, и други. Сите активни компоненти во овие мрежи се производ на TRENDnet. Од пасивни оптички мрежни компоненти се користата завршни вградни и надградни приклучоци, monomode & multimode. Најупотребувани се производите на Nexans и Panduit. Вака изработените мрежи се тестираат и се добива соодветен сертификат.
- Изработка на безжичени компјутерски мрежи. Многу брзо и едноставно се конфигурираат и инсталираат сите компоненти за безжичена мрежа, производ на TRENDnet. Иако оваа технологија е релативно нова нашето искуство и квалитетот на TRENDnet ни овозможува целосна доврба во вака изработените конфигурации. Кај безжичените мрежи најбитно е да се овозможи висок степен на заштита ( WAP, WPA, WPA-PSK).
- Изработка на хибридни компјутерски мрежи. Во зависност од објектот и потребите на корисниците, овие хибридни мрежи се комбинација од трите горе наведени.
ИЗРАБОТКА НА ТЕЛЕФОНСКИ МРЕЖИ
- Изработка на телефонски мрежи базирани на бакарни кабли (како основа за изработка се користат исклучиво UTP кабли) од реномирани производители, како и од наше сопствено производство. Вообичаено е да при изведба на компјутерските мрежи се прават и телефонски, затоа што доста се заштедува на материјал и работна рака, во споредба со тоа да се прави секоја мрежа поединечно.
СЕРВИСИРАЊЕ НА ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР
- Вршиме сервисирање на сите видови персонални сметачи, сервери, монитори, мрежни компоненти, индустриска и наменска електроника.
- Вршиме продажба на компјутерска опрема, галантерија и канцелариски материјали.
-Изаработуваме компјутерски (brand & no-name) конфигурации по желба на корисниците.
- Изаработуваме серверски конфигурации од BRAND производители.
- Вршиме сервисирање на комјутерска опрема на лице место кај корисниците, за што се наплаќа 15€+18% од работен час, плус патни трошоци( надвор од градско подрачје).
- Инсталираме систем за надзор со широк спектар на производи-камери (базиран на IP Server camera), производ на TRENDnet и место на чување на записот на Synology NAS.
- Посредуваме во изработка на WEB страници.
- Посредуваме во изработка на наменски софтвер.
|