ЈВСНет ДООЕЛ е основана на 01.08.2002 како компанија која се занимава со давање на услуги од областа на Информатичката Технологија. Основна дејност е тековно одржување на компјутерски системи, изработка и одржување на компјутерски мрежи.

Од крајот на 2002 година ЈВСНет е застапник за производите на реномирана Американска компанија за производство на мрежна опрема TRENDnet. Со повеќе од 225 висококвалитетни производи оваа фирма е конкурентна како на светскиот,така и на Македонскиот пазар. Покрај квалитетот,и цените се доста конкурентни. Најдобар доказ за домаќинското работење на TRENDnet е нивното 20 годишнно постоење.

ЈВСНет од мај 2006 година е генерален застапник за Република Македонија, за реномираната компанија Synology Taiwan , која произведува NAS (Network Attached Storage) уреди, односно мрежни уреди за зачувување на податоци.

ЈВСНет од Јуни 2007 година е генерален застапник и за двете најреномирани светски фирми, од областа на произвоството на вентилатори и ладилници, NOCTUA и COOLINK. Во својата гама на производи NOCTUA е застапена со висококвалитетни вентилатори кои имаат гаранција >150000h. Истите се вградени и во ладилните тела за процесори како за Intel, така и за AMD. Малку поширок спектар на производи има COOLINK, кој на своите производи дава гаранција >75000h. Со добивањето на аворизацијата за NOCTUA и COOLINK, ЈВСНет само ја потврди својата определба да на Македонскиот пазар пласира производи кои се меѓу најдобрите во светот.

Од почетокот на 2011 година ЈВСНет започна со дистрибуција на производите од реномираната компанија IQinVision, USA којa произведува високо квалитетни IP камери за секаква намена. Широкиот асортиман на IP камери (повеќе од 70 модели) се погодни за видео надзор на различни типови објекти и под различни временски услови.

Нудиме одлична анти вирусна заштита од TrustPort кој во своите производи има вградено одлични антиспам, анти вирус, заштита од интернет напади. Широкиот асортиман на апликации нудат одлична заштита на десктоп, лаптоп и серверски системи.

Sertifikati Сертификати
ISO 9001 ISO 9001:2008 ISO 14001 ISO 14001:2004
Avtorizacija Авторизација
Synology Noctua Coolink Trendnet Linkbasic
Synology Noctua Coolink Trendnet Linkbasic
REFERENTNA LISTA Референтна листа