| ЈВСНет како основна дејност има “Тековно одржување на комјутерски системи”, претежно базирани на WINDOWS оперативен систем. Покрај тоа се занимава и со изработка на компјутерски и телефонски мрежи, сервисирање на хардвер т.е персонални сметачи, серверски конфигурации и мрежна опрема. |
| ИЗРАБОТКА НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ |
Изработка на компјутерски мрежи базирани на бакарни кабли (како основа за изработка се користат UTP, FTP, F²TP, STP кабли) од реномираниот производител Linkbasic. Од пасивни мрежни компоненти се користат завршни вградни и надградни приклучоци, категорија 3, 5Е, 6 и 6а. Најупотребувани се производите на Linkbasic и King-Da. За мрежната изведба да има целина мора да се обрне внимание на пластичните канали во кои се вградуват каблите (Univolt и Legrand) и на металните ормари (rack cabinet) од LinkBasic во кои се сместени пасивните (patch panels) и активните (Switches) мрежни чворишта на TRENDnet.
- Изработка на компјутерски мрежи базирани на оптички кабли (како основа за изработка се користат single & multimode FO кабли) од реномирани производители, како што се Nexans, Belden, и други. Сите активни компоненти во овие мрежи се производ на TRENDnet. Од пасивни оптички мрежни компоненти се користат завршни вградни и надградни приклучоци, monomode & multimode. Најупотребувани се производите на Nexans и Panduit. Вака изработените мрежи се тестираат и се издрава соодветен сертификат.
- Изработка на безжичени компјутерски мрежи. Многу брзо и едноставно се конфигурираат и инсталираат сите компоненти за безжичена мрежа, производ на TRENDnet. Иако оваа технологија е релативно нова нашето искуство и квалитетот на TRENDnet ни овозможува целосна доверба во вака изработените конфигурации. Кај безжичните мрежи најбитно е да се овозможи висок степен на заштита ( WЕP, WPA, WPA-PSK, WPA2-PSK).
- Изработка на хибридни компјутерски мрежи. Во зависност од објектот и потребите на корисниците, овие хибридни мрежи се комбинација од трите горе наведени.
|
|
| ИЗВЕДБА НА СИСТЕМИ ЗА ВИДЕО НАДЗОР |
Вршиме комплетно проектирање и изведба на системи за видео надзор со висококвалитетни IP камери од реномираните производители IQinVision и TRENDnet, а од страна на Synology имаме одлична подршка за складирање и прегледување на снимениот видео материјал.
|
|
| ИЗРАБОТКА НА ТЕЛЕФОНСКИ МРЕЖИ |
- Изработка на телефонски мрежи базирани на бакарни кабли (како основа за изработка се користат исклучиво UTP кабли) од реномирани производители, како и од наше сопствено производство. Вообичаено е при изведба на компјутерските мрежи да се прават и телефонски, затоа што доста се заштедува на материјал и работна рака, отколку да се прави секоја мрежа поединечно.
|
|
| ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ |
- ЈВСНет на сите мали, средни и големи компании нуди можност за тековно оджување на компјутерски системи. Детална проверка, дијагностика и решавање на сите компјутерски проблеми, заштита на податоци со квалитетни анти вирусни апликации, заштита на податоците со backup системи од страна на Synology. Во рамките на одржувањето спаѓаат: Надградба на антивирусни апликации и чистење на вируси, инсталација на потребен софтвер и драјвери, елиминирање на постоечки грешки и неправилности во системот.
|
|
| СЕРВИСИРАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР |
- Вршиме сервисирање на сите видови персонални сметачи, сервери, монитори, мрежни компоненти, индустриска и наменска електроника.
- Вршиме продажба на компјутерска опрема, галантерија и канцелариски материјали.
- Изработуваме компјутерски (brand & no-name) конфигурации по желба на корисниците.
- Изработуваме серверски конфигурации од BRAND производители.
- Вршиме сервисирање на компјутерска опрема на лице место кај корисниците, за што се наплаќа 15€+18% од работен час, плус патни трошоци( надвор од градско подрачје).
- Изработуваме WEB страници во зависност од потребата на корисниците.
- Посредуваме во изработка на наменски софтвер.
|
|