Synology ја престави својата најнова верзија на опетаривен систем DiskStation Manager 4.0 Beta која донесува многу новости и е во чекор со сите најнови технологии. Подобрена безбедност на вашите податоци, Cloud услуги за автоматска синхронизација на податоци, модуларност на сите апликации, зголемена поддршка за најразлични уреди, дискови, IP камери, подобрени мобилни апликации за Android и iPhone и многу други новости. Вклучетесе и вие во тестирањето на оваа бета верзија и допринесете за подобрување на DSM 4.0.
Употребете ја оваа алатка од Synology за брзо да го утврдите потребниот дисковен простор и пропусност. Synology може да ви препорача соодветен NVR Network Video Recorder System базиран на вашите потреби.
Нов DiskStation Manager 3.2 со Synology® ARM® Performance Acceleration Technology - Synology DiskStation сега влегува на следното ниво во сферата на перформанси. Трансферот на податоци на ARM-базираниот DiskStation се значително подобрени со махимум од 18.8%. Резултатите од тестот се прикажани во следнава табела:
| Модел | Max. подобрување на запишувањето |
|---|---|
| DS111 | 18.86% |
| DS110j | 13.10% |
| DS212+ | 16.78% |
| DS212 | 17.51% |
| DS212j | 11.87% |
| DS411 | 14.37% |
| DS411j | 9.04% |
| DS411slim | 13.32% |
| RS812 | 11.19% |
| RS212 | 17.20% |
Ве молиме одете на страната за перформанси за детали.
Synology ARM Performance Acceleration Technology го прави трансферот на податоци побрз за следниве модели:
- 12-series: DS212, DS212+, DS212j, RS212, RS812
- 11-series: RS411, DS411, DS411j, DS411slim, DS211+, DS211, DS211j, DS111
- 10-series: DS410j, DS210j, DS110j
- 9-series: RS409, DS409, DS209, DS109, DS409slim
Други подобрувања
- Подобрена компатабилност на DS212 & DS212+ со USB 3.0 уреди за складирање.
- Подобрена компатабилност на iSCSI targets со VMWare ESXi сервери.
- Оптимизирана употреба на системската меморија за време на складирањето и менаџирањето на волумени.
- Подобрен прегледот од Surveillance Station во земјите со daylight saving time.
- Подобрен механизмот за снимање на Photo Station Blog.
- Други мали исправки.
Проширувајќи го своето портфолио на високо квалитетни тивки вентилатори, Noctua најави PWM верзии на познатите NF-P12, NF-B9 и NF-R8 вентилатори. Добивајќи повеќе од сто награди и препораки од меѓународниот печат, класичните NF-P12, NF-B9 и NF-R8 вентилатори помогнаа да се подигне репутацијата на Noctua како врвен производител на тивки компоненти за ладење. Новите PWM верзии се изградeни врз основа на докажан дизајн и функција на Noctua NE-FD1 IC за целосна автоматска контрола и ултра-ниска потрошувачка на енергија.
"Нашите клиенти долго време не прашуваа за PWM верзии на нашите вентилатори, но PWM драјверите едноставно не беа блиску до нашите стандарди за квалитет", објаснува Mag. Roland Mossig, извршен директор на Noctua. "Со NE-FD1, ние сега имаме наше дизајнирано интегрално коло кое ни овозможува да се изградат PWM вентилатори кои трошат помалку енергија и се потивки при мали брзини."
Кај повеќето конвенционални PWM вентилатори интегралното коло праќа квадратни сигнали кои предизвикуваат ненадејни импулси на вртежен момент. Овие импулси може да предизвикаат деформации на вртежната структура која доведува до звуци како "кликнување" кои се особено забележливи во побавна брзина. Прилагодувајќи ја технологијата на Noctua Smooth Commutation Drive (SCD), NE-FD1 PWM IC ја смалува стапката на излезниот сигнал со цел да се даде помазен и помал импулс на вртежен момент. На овој начин, звуците при PWM префрлување може ефективно да се потиснат и вентилаторот да работи потивко, особено при мали брзини.
Noctua NE-FD1 PWM IC не се само фино подесени за тишина, туку исто така и внимателно оптимизирани за да овозможат ултра-ниска потрошувачка на енергија. Како резултат на тоа, новите PWM модели трошат 25-40% помалку енергија отколку нивните колеги без PWM.










